Почина откако прими терапија во болница, обдукцискиот наод за Ведат Адеми испратен во Обвинителството

Од:

Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го достави обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми, соопшти денеска Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница. Адеми починал откако примил терапија во болницата. Неговото семејство обвинува дека причина е лекарска грешка и дека му бил даден лек на кој бил алергичен.

Директорот на кумановската болница Стефан Трајановски беше разрешен откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата, а Министерството за здравство до Лекарската комора предложи одземање на лиценцата на лекарот што таа вечер бил на дежурство.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби