Почина Марко Зврлевски

Од:

Поранешниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски, почина како последица на Ковид-19. Според информации на „А1он“, Зврлевски подолго време се лекувал од вирусот во болнички услови, а бил ставен и на респиратор како последица на тешката состојба која се развила по заразувањето со Ковид-19. Зврлевски почина на 60 години.

Марко Зврлевски е роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје, по што го положува и правосудниот испит. Посетувал постдипломски студии од областа на граѓанското право на Правниот факултет – Јустинијан Први при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Работното искуство го започнува при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работи како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна  струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа на казненото право (1998-2000), заменик-јавен обвинител во Основното  јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005), Зврлевски речиси целата своја кариера ѝ ја посветил на јавнообвинителската работа. Во декември 2005 година е распореден во Одделението за гонење на  сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, е избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција.

Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководи со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година е именуван за Јавен  обвинител на Република Северна Македонија која функција ја извршува до август 2017 година, кога е и разрешен. Во 2018 година тој отвори и адвокатска канцеларија, во која работеше откако го напушти Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Ана Ололовска

Maрко Зврлевски отвори адвокатска канцеларија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоевски: Мијалков и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договара наредбите

Ана Ололовска

Советот на обвинители треба да назначи в.д. на местото на Зврлевски

Ана Ололовска

Димков: Постапката за разрешување на Зврлевски е целосно незаконска

Наум Локоски

(ВИДЕО) Шилегов: Нема повеќе „Сваровски“ судство

Наум Локоски