А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров

by А1он27/10/2022 - 19:5727/10/2022 - 19:594583
Share0

На 78-годишна возраст денеска во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров. Инаку, тој е син на Кирo Глигоров, првиот претседател на Македонија.

Добивај вести на вибер

Глигоров додипломските и магистерските студии ги завршил во Белград, а докторирал во 1977 година на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, а од 1994 година работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Србија, Црна Гора и Македонија.

Во своето истражување тој бил особено заинтересиран за долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на Oxford Analytics, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за Wall Street Journal и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа.

gligorov

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Владина делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на Трајковски и Глигоров

Наум Локоски08/09/2018 - 11:52

СДСМ: Иванов крши Устав и закон, лажна вест е дека постапил како Глигоров

Наум Локоски03/02/2017 - 14:39

Глигоров: Има организиран грабеж на општествениот имот

Емир Латифовиќ17/07/2016 - 09:58

Андов шпекулира за вмешаност на Милошевиќ во атентатот на Глигоров

Емир Латифовиќ01/12/2014 - 11:50

ФОТО: Свежо цвеќе на гробот на Глигоров од делегација на СДСМ

Кејт Мидлтон01/01/2013 - 14:0801/01/2013 - 19:23

Eдна година од смртта на претседателот Киро Глигоров

Кејт Мидлтон01/01/2013 - 11:0301/01/2013 - 11:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен