Почина Драган Б. Костиќ

Од:

Уутринава почина Драган Б. Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.

Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.

Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов,за грижата, посветеноста и хуманоста

Драган Б. Костиќ беше радио водител и музички уредник на Македонското радио, препознатлив по својата посветеност кон музиката и радиофонијата. Најголема популарност стекна како автор и водител на емисијата „Дискоселектор“, која остави значаен белег во радиопросторот и во музичката култура во Македонија.

Преку „Дискоселектор“, Костиќ ја приближуваше современата и квалитетна музика до широката публика, со внимателно избран репертоар и препознатлив уредувачки пристап. Емисијата се одликуваше со јасна концепција, музичка едукација и почит кон различни музички жанрови, што му донесе лојална слушателска публика.

Како радио професионалец, Драган Б. Костиќ придонесе за развојот на радиото како медиум, оставајќи трага кај слушателите и кај колегите со својата посветеност, стил и љубов кон музиката.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението