Почина 66-годишниот скопјанец кој пред една недела беше нападнат на улица

Од:

Шеесет и шестгодишен скопјанец почина една недела откако беше нападнат на улицата „Кеј 13 ноември“. Како што информирата од МВР, вчера во 13.18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Нападот се случил на 3 август кога С.М. пријавил во полиција дека околу 2.00 часот на улицата „Кеј 13 ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ).

По преземени мерки напаѓачот бил пронајден и е утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски