Почина 34-годишна родилка на Гинекологија

Од:

Од Клиниката за гинекологија и акушерство попладнево реагираа на дел од медиумските известувања за смртта на родилката која го загуби животот непосредно по породувањето.

„На 27.02 2026 год. на Клиниката за гинекологија и акушерство во 38 гестациска недела од бременоста е породена 34 годишна високо ризична пациентка со 5-та бременост по ред. Породувањето е завршено со царски рез поради претходно извршени 3 царски реза по што во случајов бил извршен и четврт царски рез кај мајката. На мајката претходно и биле укажани и сите ризици од евентуално следна бременост.

Операцијата поминала со уреден оперативен тек.

По операцијата пациентката по протокол е префрлена на Одделението за постоперативна интензивна нега. За време на престојот на пациентката на оваа интензивна нега, пациентката во еден момент се пожалила на силна градна болка по што веднаш бил повикан анестезиолог. Веднаш била спроведена срцево белодробна и мозочна реанимација од страна на целиот анестезиолошки тим е започната реанимација на пациентката по што кај пациентката биле вратени сите витални параметри“ велат од ГАК.

Во соопштението се наведува дека „по извршената реанимација, пациентката била пренесена на Одделението за интензивна нега и реанимација на клиниката за гинекологија каде истата била поставена на механичка вентилација и инвазивен и неинвазивен кардијален респираторен мониторинг. За време на престојот на Одделението за интензивна нега и реанимација биле повикани кардиолог и невролог“.

„На пациентката исто така и било направено ЕКГ, ехо на срце, РТГ пулмо, на секои 2 часа биле испитувани потребните биохемиски комплет лабораториски испитувања, а редовно биле контролирани ацидбазен статус и факторите за коагулација на крвта во консултација со трансфузиолог. За третманот на пациентката биле применети сите современи лекови и иследувања. Биле ординирани сите потребни деривати со цел стабилизирање на состојбата, но за жал и покрај сите обиди кај пациентката од страна на мултидисциплираниот пристап кој бил заземен за третманот на пациентката, истата на 01.03.2026г. починала на интензивната нега. Телото е предадено на обдукција. По пристигнувањето на патохистолошкиот наод, клиниката ќе се произнесе за официјалната причина за смртта на оваа родилка“ велат од ГАК.

Информираа дека „Случајот денес е разгледан од страна на Комисијата за контрола на квалитет и унапредување на здравствената услуга на ГАК. Клиниката изразува сочувство до семејството и длабоко жалење поради загубата на еден млад живот“.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Почина гинекологот Венци Чалков, на кој му се судеше за случајот со родилката Маја Кадиева

Горан Наумовски

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска