Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Од:

Почетокот на судскиот процес за случајот поврзан со изградбата на новиот објект за театар и библиотека во Тетово е повторно одложен. Главната расправа, која беше презакажана за денеска, нема да се одржи поради отсуство на еден од обвинетите и промена на дел од бранителите.

Како што соопшти судијата Елведин Ферати, обвинетиот Сејди Шасивари не присуствувал на рочиштето поради здравствени причини, за што неговиот адвокат доставил соодветна медицинска документација. Дополнително, двајца од обвинетите – Артан Арслани и Хаки Фазлиу – ангажирале нов бранител кој побара увид во предметот.

-Бидејќи не е присутен обвинетиот Сејди Шасивари, а од страна на обвинетите Артан Арслани и Хаки Фазлиу е ангажиран друг бранител кој бара да се изврши увид во предметот, не се исполнети законски претпоставки за одржување на главна расправа. Судот донесе решение расправата да се одложи, истакна судијата Елведин Ферати.

Ова е второ одложување на процесот – првичното рочиште беше закажано за 14 јули, но беше одложено за денеска (17 септември). Новиот термин е закажан за 8 октомври во 10:00 часот.

Во декемри 2024 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека по спроведена сеопфатна истражна постапка до основниот кривичен суд Скопје има поднесе обвинителни акти против четири луѓе и за едно правно лице.

Обвинети се Сејди Шасивари, сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово Урбан План Констракшн, Хаки Фазлиу, тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески -Смок” – Тетово, Артан Арслани претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на Центарот за култура, како и Бајрам Муча, како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година.

Обвинителството тогаш објави дека првообвинетиот Шасивари и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Фазлиу и Арслани сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека обвинетиот Муча сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата.

Би можело да ве интересира

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Притвор за сите што со автоматски пушки пукаа во возилото во Тетово и го убија возачот

Предраг Петровиќ

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски