Почекајте да видите што се ќе открие истрагата за трагедија во Кочани, вели Мицкоски

Од:

Јасна е одговорноста на институциите во минатото. Имаме фалсификувана лиценца за работа. Почекајте да видите што се ќе открие истрагата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани во која загинаа 59 лица.

Коментрајќи ја оставката на градоначалникот на Кочани, Мицкоски рече дека градоначалникот имал доблест да си поднесе оставка, но дека одговорноста на општината во случајот со објектот е само во делот на комуналните инспектори.

– Објектот прво добил дозвола за градба, а потоа во 2014 година е дооформена таа парцела. Општината има ингеренции во делот на комуналните инспектори, односно да провери ако има тараса, дали таа одговора согласно елаборатот. Јасна е одговороста на институциите. Имаме фалсификувана лиценца за работа за кеш. Почекајте да видите што се ќе открие истрагата, изјави Мицкоски.

Повтори дека прифаќа одговорност доколку тоа е желба на поединци, но дека тоа ќе го стори откако ќе ги порази сите оние што на криминален начин дозволиле да се случи ова.

– Ја прифаќам одговорноста ако јас сум проблемот во оваа држава и ако тоа е желба на некои поединци, но нема да го имаат тоа задоволство додека не ги поразиме сите оние што на криминален начин го направија тоа што го направија, а потоа ќе одиме на избори и граѓаните ќе кажат кој ќе сноси одговорност и кој ќе оди во затвор, рече Мицкоски, кој заедно со министерот за здравство денеска ги посети повредените во пожарот во Кочани што се хоспитализирани на Клиничкиот центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Минута молк во Пробиштип за настраданите во пожарот во кочанскaта дискотека „Пулс“

Горан Наумовски

Со минута молк, во 2.32 часот оддадена почит во спомен на трагично загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски