Поцеста и Филиповиќ нови директори на Клиниките за кардиологија и дерматовенерологија

Од:

На Универзитетската клиника за дерматовенерологија за нов в.д. медицински директор е назначен д-р Дејан Филиповиќ, кој од 2018 година е вработен на оваа клиника како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој, во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, член на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, како и член на Европската академија за дерматологија и венерологија.

Исто така, за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија е назначен д-р Беким Поцеста, долгогодишен специјалист по кардиологија, кој од 2005 година е вработен на Клиниката за кардиологија на одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација наелектростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на УК за кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Би можело да ве интересира

Тасевски: Ако не се разреши раководството на М-НАВ ќе го затвориме воздушниот простор над Македонија

Александар Тодески

Тасевски од М-НАВ: Директорите стравуваат за своите фотелји, кривичната против мене е притисок да се откажеме

Орце Костов

Јанчев бара Училишните одбори да ги се разрешат директорите од Кавадарци кои се истепаа, од МВР најавуваат пријава против нив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 37 милиони евра потрошени за плати во загубарот Железници: Милион евра за седуммина директори

Орце Костов

Срцевата страна на хипотиреозата

Предраг Петровиќ

Владата донесе нови одлуки за кадровски решенија во повеќе институции

Жарко Настоски