Анализа: Победата на Пендаровски ја донесоа гласовите на Река и на ДУИ

Од:

Убедлива победа на Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, му донеле општини со доминантно албанско население, покажа анализата на „А1он“. Анализата покажува и дека гласовите на Блерим Река во најголем дел отишле на контото на Пендаровски.

Доколку се соберат гласовите кои Блерим Река и Пендаровски ги освоија во првиот круг од изборите приближно се  доаѓа до бројката на освоени гласови на Пендаровски во вториот круг, што може да се види и од инфографикот што следува.

„А1он“ ги анализираше општините каде што Пендаровски има најголема предност во однос на неговиот противкандидат Гордана Сиљановска Давкова. На листата се Чаир, Тетово, Гостивар, Сарај, Липково, Боговиње, Студеничани, Врапчиште, Желино, Дебар, Арачиново, Долнени и Брвеница.

Процентуално, најголемата победа Пендаровски ја извојувал во Желино, односно освоил над 96 проценти од гласовите наспроти 1,42 проценти за Сиљановска, потоа следува Боговиње, па Липково каде Пендаровски освоил над 95 отсто од гласовите наспроти 0,64 проценти за Сиљановска, Арачиново со 93.84 проценти од гласовите, Студеничани со 91 процент, Сарај со 90 проценти, Врапчиште со 89 проценти и Дебар со 80 проценти од гласовите.

Сите овие се општини со доминантно албанско население, со што впрочем се потврди и тезата која се роди од првиот изборен круг, дека гласачите Албанци ја одиграа клучната улога во вториот круг од претседателските избори и го одбраа победникот.

Мери Јордановска / Маја Илиевска Пачемска 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија