Побаран притвор за уште еден од учесниците на протестот за „Монструм“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за едно лице за кое е поведена постапка за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на возраст од 21 година, на 26 февруари учествувал на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“. Притоа тој бил дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничениот и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се дадат во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Претходно, за истиот настан, Основното јавно обвинителство Скопје веќе поведе постапка за петмина други учесници во протестите.​

Би можело да ве интересира

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Возел пијан во спротивна лента – истрага за несреќата кај Ѓавато во која загина жена

Катерина Ѓуровски

Оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Скопјанец крвнички ја тепал и и се заканувал со убиство на поранешната сопруга пред малолетните деца

Катерина Ѓуровски