Побаран притвор за девет лица во предметот „Адитив“

Од:

По вчерашната успешно спроведена акција и донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица, денеска предметните обвинители до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставија предлози за изрекување на мерка притвор за деветмина осомничени. До моментов се прифатени предлози за осуммина осомничени, а за едно лице судијата на претходна постапка треба да донесе одлука до крајот на денешниот ден, велат од ОЈО.

„Ценејќи дека се исполнети условите, а заради непречено водење на кривичната постапка, обвинителството до судијата на претходна постапка предложи на останатите осомничени да им бидат определени мерки на претпазливост како поблаги мерки за обезбедување присуство и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Обвинителите во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд доставија и пет предлози за времени мерки за обезбедување на имот на дел од осомничените.

Во текот на вчерашниот ден при претресите пронајдени и одземени се парични средства во вкупен износ од 208 000 евра, над 30 мобилни телефонски апарати, компјутери, лап-топи, УСБ стикови, едно моторно возило марка BMW и обемна документација поврзана со кривично правниот настан“, тврдат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај