Поаѓаат изборните карвани за локалните избори

Од:

Почна изборната кампања за локалната изборна трка. Од ноќеска на полноќ кандидатите кои сакаат да станат градски татковци или советници, ќе одат од врата на врата, ќе говорат на собири и митинзи, ќе се рекламираат предку медиумите, и се за да ги убедат граѓаните дека токму тие се вистинскиот избор.

Кампањата ќе трае до 22 март на полноќ.Гласачите ќе имаат еден ден да здивнат и да одлучат кому ќе ја дадат довербата на 24 март.

Колкумина ќе го трчаат локалниот изборен круг, дефинитивно ќе се знае на 8.март на полноќ. Рокот за пријавување е продолжен, поради постигнувањето на политичкиот договор и прекинувањето на бојкотот од опозицијата.

ДИКќе мора да направи измени на календарот-роковник, и да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати.Дополнителна работа и за Лустрациската комисија, таа според законот, треба да изврши проверка дали ново пријавените кандидати за советници или градоначалници биле кодоши.

ВМРО-ДПМНЕ традиционално изборниот караван го почнува вечерва во Охрид, а СДСМ од Струмица.

Ќе се бираат градоначалници и советници за 84 општини од кои 10 се во Град Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.

Во избирачкиот список за гласање на локалните избори се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.

О

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија