По заедничкото кафе, Груевски удри по Заев

Од:

Седнете и нешто сработотете, почитувајте го народот и не го потценувајте, престанете да бидете арогантни, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на СДСМ, во говорот на 22. роденден на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи  дека од освоените четири градоначалнички места, еден од нив, како што рече, ги извиси граѓаните од неговата општина со тоа што има поважна работа и оти од цела недела само еден ден ќе бил во Струмица.

– Оној првиот вели дека само еден ден во неделата ќе бил градоначалник, а дека другите денови друг ќе му ја води општината. Тоа е исто како мене да ме изберат за премиер, а јас да работам само еден ден и потоа да кажам дека имам поважна работа, рече Груевски.

Тој посочи дека и тој и неговата заменичка „си ги знае од порано“ и дека „тие му се стари муштерии“ кои по два пати губеле избори од него.

Другиот го решава прашањето со „една бандера“, третиот е посветен на тоа како да го сруши изграденото или она во градба, а четвртиот воопшто и не го знаеме, рече Груевски.

Седнете и сработете нешто! Глупост е кога ќе кажете дека народот е во право, дури и кога греши. Народот сака дела, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба