По три години, охриѓани може и ќе добијат болница од јануари

Од:

Крајот на јануари е рокот кој ракoводството на охридската болница си го даде, а до кога треба да се пушти во употреба новото болничко крило. Охриѓани баш и не веруваат во овие најави, со оглед на ветувањата од минатите години дека болницата ќе биде изградена во предвидениот рок, од само неколку месеци, иако од тогаш до денес поминаа речиси цели 3 години. Во целиот овој период охриѓани беа принудени да ги користат здравствените услуги на болницата во соседна Струга.

Доктор Сашо Василевски портпарол на охридската болница вели дека изградбата на новиот објект е при крај, и оти во моментот се работи на поставување електрична инсталација и нова трафостаница.

„Сите овие продолжувања кои се на неколку недели сметам дека ќе бидат крајно завршени до средината или крајот на јануари. Целата зграда почнувајки од хируршките сали, гинеколошко одделение ќе бидат опремени со најмодерна опрема од светски стандарди. Сите соби ќе бидат опремени со нов мебел, цела зграда ќе биде софтверски и електронски најмодерно направена. Охрид ќе добие најмодерна болница во регионот и пошироко.Вселувањето во новата зграда ќе биде пред крајот на Нова година“, вели Василевски.

Василевски вели дека новите апарати се набавени и се чуваат на специјални места во болницата. Тој признава дека болницата има недостаток на стручен кадар кој би ги работел новите апарати, но оти со помош на професори од Клиничкиот центар во Скопје и доктори од странство кои веќе престојуваат во болницата, сегашниот кадар ќе биде целосно обучен.

„Кадровски воопшто не е работено во изминативе 20 години за нашата болница. Многу малку доктори се примени и многу малку доктори се праќани на доедукација. Прв пат оваа година на ниво на Охрид се примени 25 лекари, што не е случено во изминативе 20 години. Но тоа е само почеток на нови кадровски решенија бидејки ние сме далеку од пополнување на кадровските решенија. Нас ни недостасуваат рендгенолози, анестезиолози, хирурзи. Но сме во тек и тие кадри ќе ги надополниме со превземање од други центри и нивно праќање на специјализација“, вели Василевски.

Бројот на кревети ќе биде помал затоа што големите болнички соби ќе бидат заменети со апартамни со два кревети и комплетно уредени. Од Нова година болницата ќе прерасне во регионален центар, а во тек е подготовката за потпишување на договор со Министерството за здравство од Албанија со што албанските државјани по поволни услови ќе користат дел од услугите на болницата во Охрид.

 

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on