По три часа пратениците го усвоија дневниот ред за работа

Од:

Пратениците во македонскиот парламент после повеќе од три часа го усвоија дневниот ред за работа за денеска, при што законот за јазиците е ставен како осма точка на истиот. Сепак и натаму е низвесно дали ќе се дискутира за оваа точка, откако пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ доставија 35.569 амандмани, а според информации од собраниските служби се уште не се преведени сите амандмани.

Претходно, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на прес-конференција во Собранието изјави дека за законот за јазиците не биле спроведени консултации со стручната јавност, ниту со здруженијата на помалите етнички заедници. Тој рече дека на законот му е ставено европско знаменце со цел да се ограничи дискусијата.

Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“, пак, денеска изјави дека нема смисла однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои, како што рече, дошле во Собранието за да се спротивстават на една третина од интересите на граѓаните. „Блокирањето на законот за јазиците е за казнување од целата јавност и ги повикувам да престанат со политики на продлабочување на поделбите“, изјави лидерот на „Алијансата за Албанците“.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги