По синоќешното невреме повеќе интервенции на јавните претпријатија на Град Скопје

Од:

Поради неповолните временски услови кои вчеравечер го погодија главниот град, јавните претпријатија на Град Скопје и Противпожарната бригада на Град Скопје извршија поголем број интервенции на терен за елиминирање на последиците од силните ветрови.

Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило” интервенираа на повеќе локации во градот и отстрануваа скршени гранки и дрвја. Во текот на ноќта екипите интервенираа на повеќе локации на булеварот „Илинден“, на улиците „Орце Николов“, „Киро Крстевски – Платник“, „Веселин Маслеша“ бр.1, „Сава Ковачевиќ“ бр.26, на булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, на улицата „Божидар Аџија“, како и на потегот меѓу паркот „Жена борец” и Ургентниот центар.

Во овие интервенции се приклучија и екипите на ЈП „Улици и патишта” кои интервенираа на повеќе локации, а Противпожарната бригада на Град Скопје имаше вкупно 28 интервенции.

– Поради непристапноста на теренот, намалениот видик и опасноста од струен удар, екипите на јавните претпријатија на Град Скопје не беа во можност да интервенираат во текот на ноќта и на неколку локации интервенираа во раните утрински часови, информира Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје