А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

И по референдумот, грчката опозиција против договорот меѓу Македонија и Грција

by Кристијан Ландов01/10/2018 - 11:34375
Share0

Резултатот од вчерашниот рефрендум во Македонија, не ги промени позициите на грчките партии. Нова демократија и Движење за промена и понатаму се против договорот од Преспа, партијата Река потенцира дека Грција треба да го поддржи европскиот тек на соседната земја, додека пак официјалниот став на грчката Влада изразен преку Министерството за надворешни работи на Грција е дека Атина ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Партијата Река, на која грчката Влада поентира за мнозинство во Парламентот за ратификација на договорот, во соопштението по резултатот од референдумот коментира дека „повеќето беа рамнодушни или не се согласуваат,  факт што сведочи дека преферираат пролонгирање на денешната ситуација, сметајќи очигледно дека договорот со Грција е болен компромис“, но потенцираат дека Грција треба да го поддржи европскиот пат на соседната земја.

– Ние Грците, треба нашата позиција да ја синхронизираме со онаа на нашите партнери и сојузници. Треба да го поддржиме европскиот пат на соседната земја и поблиските односи со западот. Сите ние – оние кои влијаат на јавното мислење – ќе треба да се ослободиме од синдромот на жртва. Грција нема да биде губитник во оваа разврска. Доволно е да се разбереме и да ги дефинираме патриотски приоритети, соопштуваат од Река.

Со непроменети позиции е Движењето за промена, а нејзиниот портпарол, Павлос Христидис во пишаната изјава за резултатите од референдумот вели дека „по грчкиот народ и граѓаните на ПЈРМ му свртеа грб на договорот на Ципрас-Заев“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Фактот дека Скопјаните му свртеа грб на договорот што им даваше македонски јазик и националност, покажува колку се длабоки иредентистичките и националистичките стереотипи во соседната земја. Дека овој договор би создал само нови проблеми, како што неколку пати има истакнато Фофи Генимата, вели портпаролот на Движење за промена, Христидис.

Од неонацистичката Златна зора велат дека „резултатот од референдумот не може да ја смени историјата, Македонија била е и ќе биде грчка“, а за дена во 17.15 закажаа протест со мотори.

Како што синоќа објави МИА, најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, во соопштението, кусо откако беше соопштен резултатот, рече дека „ќе вложи секаков можен напор за да не стапи во сила национално штетниот договор од Преспа“.

grcijapo referendumotprotiv opozicija

Би можело да ве интересира

Македонски турист е спасен во Грција

Горан Наумовски15/06/2026 - 11:5815/06/2026 - 13:58

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on14/06/2026 - 14:24

Забрането е пливање на популарна плажа во Пефкохори поради излевање на отпадни води

Горан Наумовски12/06/2026 - 09:31

ВИДЕО: Серија силни земјотреси во Грција: Четири удари за само четири минути

Катерина Ѓуровски07/06/2026 - 15:3407/06/2026 - 15:36

Ако има големи гужви, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 08:24

Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Горан Наумовски03/06/2026 - 13:1503/06/2026 - 13:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто