А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

По пријава на работници, приведен бугарски државјанин директор на фирма во Тетово

by А1он16/04/2020 - 13:33250
Share0

Работниците на Тетекс Јарн во Тетово кои утринава одржаа јавен протест пред фабриката информираат дека по нивниот протест и пријава до полицијата приведен е еден претставник на компанијата со седиште во Бугарија. Тие ја повикале полицијата сомневајќи се дека лицето сака да наштети на имотот што е останат во фабричките погони.

Добивај вести на вибер

-Ние повикавме полиција сомневајќи се дека дел од раководството од фирмата од Бугарија сака да ја земе произведената волница и машините и да ги продава. Приведен е Петар И. директорот на фирмата, сопственик на Тетекс Јарн, чие главно седиште е во Бугарија, инфомираат работниците.

Од СВР Тетово потврдија дека е приведен државјанин на Бугарија но поради нелегален престој.

-Полициски службеници на СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода П.И.(56) од Република Бугарија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кому во јануари годинава му истекла важноста на неговата лична карта за странци. Бугарскиот државјанин задржан е во Полициската станица Тетово и во текот на денов ќе биде предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка, информираат од СВР Тетово.

Дел од 160 работници во фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед утринава одржаа јавен протест барајќи им да се исплатат две заостанати плати. На нив и на новинарите не им беше дозволен влез во фабричкиот круг.

incidentitetovo

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:03

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски03/03/2026 - 13:1203/03/2026 - 13:40

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Горан Наумовски03/03/2026 - 10:28

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:0923/02/2026 - 14:12

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 12:36

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:0716/02/2026 - 14:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен