По пожарите, волците шетаат на нивите во Малешевијата

Од:

Волци кои шетаат во малешевските ниви барајки храна и засолниште од пожарите е само еден од примерите за огромната катастрофа која го снајде Малешевскиот регион.

Димче Беќарски од село Умлена кој утрово ја забележа појавата, вели дека по пожарите волците шетаат слободно и се закана за сточарите и нивниот добиток.

-Волкот го забележав утрово додека собирав „јонџа”. Стоеше мирно, бараше правец кон кој може да се упати. Синоќа татко ми забележал уште два волка во близина на селото. По пожарите веројатно бараат како да се скријат, но поради оголените дрвја сега немаат каде, рече Беќарски.

Според него, сега претстои опасност за добитокот поради што сточарите треба да направат се за да го заштитат.

За огромната штета која е нанесена на животинскиот свет како што дополни, допрва ќе сведочат вакви и слични ситуации. Она што засега исто така е доказ за големата катастрофа се и пронајдените изгорени срни на територијата на Пијанечкиот регион чии остатоци ги пронајдоа ловџии од делчевскиот регион.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски