По повод „Неделата без автомобили“ во Велес се одржа велосипедско дефиле

Од:

Во организација на ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, а поддржано од Општина Велес денеска по 13-ти пат се одржа велосипедско дефиле.

– Еколошката патрола на велосипед е порака до сите граѓани почесто да го користат велосипедот како превозно средство, а помалку автомобилите затоа што придобивките од возењето велосипед се огромни, како по здравјето на луѓето, така и за зачувувањето на животната средина, потенцираше Фиданка Ивановска, директорката на ООУ „Ј.Х.К. Џинот“.

Учениците и градоначалникот Славчо Чадиев, на велосипед, заедно со  наставници, родители и граѓани, поминаа рекреативна релација, со цел да се поткрене свеста за физичката активност и да се зголеми интересот за возење велосипед.

– Во овој момент размислуваме да донесеме одлука за забрана на движење на тешките товарни возила и автобусите на потегот од Велес до манастирот „Св. Димитрија“ и месноста Бабуна, затоа што на таа релација голем број велешани рекреативно спортуваат, истакна градоначалникот Чадиев.

Чадиев најави дека ќе се работи на обезбедување на велосипедска патека на потегот од Велес до Езерото „Младост“, а за што е потребно е да се изработи студија.

Би можело да ве интересира

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски