По поројниот дожд во Куманово, екипите на терен, утре седница на Општински штаб за заштита и спасување

Од:

По обилните врнежи од дожд во изминатите неколку часа што го зафатија кумановскиот регион на терен се излезени екипи од општината, Регионалниот центар за управување со кризи, СВР Куманово, јавните претпријатија и Територијалната противпожарна единица.

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги пријавуваат штетите предизвикани од дождот на дежурниот телефон на 195, а утре со почеток во 10 часот состанок ќе одржи Општинскиот штаб за заштита и спасување на кој ќе бидат донесат заклучоци за понатамошните активности што ќе се преземат по настанатата ситуација.

Попладнево, Куманово го зафати пороен дожд со силен интензитет, при што куќи, подрумски простории и гаражи беа поплавени на повеќе локаци во градот.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски