По партиска наредба сите функционери од ВМРО-ДПМНЕ ќе донираат 30% од платата

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница одлучи да се формира партиски солидарен фонд за помош на семејствата чии домови беа оштетени во елементарната непогода

Сите избрани и именувани функционери на партијата на државно и локално ниво, наредниот период ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд, а по завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени за помош на оштетените сограѓани, соопштија од партијата.

Освен финансиската помош, договорено е да продолжат организираните активности на терен преку собирање на донации на храна, вода, средства за хигиена и останата помош која им е најнеопходна на погодените. Продолжуваат и активностите за директно вклучување на партиски членови и активисти во најпогодените региони за расчистување и санирање на штетите од невремето.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ