По низа скандали и кражба на риба, државата ја одзема концесијата за Охридското Езеро

Од:

Државата му ја одзеде концесијата за Охридското Езеро на Милорад Чавкоски, управител на фирмата „Летница – Белвица“, дознава „А1он“. За причините на ваквата одлука, во текот на денот ќе се произнесе министерот Трајан Димовски, образложија од Министерството.

„А1он“ уште пред седум месеци откри дека концесионерот бил избран во нелегална постапка, со нецелосна документација, и дека Чавкоски, иако е нов концесионер, е стар газда на езерото. Пред да биде избран за концесионер Милорад Чавкоски беше управител во „Пастрмка – 2013 Струга“ подружница на „Пастрмка 2012“, компанија на која претходно ѝ беше одземена концесијата поради непорибување и неплатени обврски кон државата.

Бизнис врските меѓу Чавкоски и Танаскоски

За недоследностите во постапката за доделување на концесијата имаше и жалби, но Државната комисија за јавни набавки ги одби сите и твдеше дека сè е во ред. И Чавкоски во сите изјави тврдеше дека нема ништо спорно за добивањето на концесијата, а подоцна и во работењето на „Летница – Белвица“.

Наспроти неговите тврдења, рибари од Охрид, кои работеле за старо-новиот Чавкоски, за „А1он“ сведочеа дека и со одземена концесија фирмата „Пастрмка 2012“ лани ловела риби по мрестот и рибите не ги враќале во езерото, туку завршувале во ресторан на еден од концесионерите, а на рибарите им биле исплаќани едвај по 3.000 денари месечно.

Последниот скандал со концесионерот беше во ноември кога МВР фати двајца рибари, вработени кај концесионерот Чавкоски, како крадат охридски крап со мрежа во зона забранета за стопански риболов на само неколку чекори од Езерската полиција. Како решение за овој скандал Чавкоски рече дека размислува да ги отпушти рибарите и нагласуваше дека не ги терал да крадат риба.

Би можело да ве интересира

Вработените што треба да го штитат охридскиот крап, фатени како го крадат со мрежа

Охридски дубари: Жалба за концесијата на Охридско Езеро одбиена како неплатена, иако има докази дека е платена

Чавкоски тврди дека законски добил концесија на Охридско Езеро

А1он

(ВИДЕО) Сведоштва на рибари: Ловевме шест тони риба, се заведуваа само два, остатокот завршуваше кај концесионерот

Охридски дубари: Со различни фирми, исти газди незаконски добија концесија за Охридско Езеро