И Ивица Коневски отворa адвокатска канцеларија

Од:

Поранешниот градоначалник на скопски Аеродром, Ивица Коневски, отворa адвокатска канцеларија во центарот на Скопје.

Тој е дипломиран правник, а досега во кариерата не работел како адвокат. Тој на последните локални избори изгуби од неговиот противкандидат од СДСМ, Златко Марин, по што одлучи да ѝ се посвети на неговата професија.

39-годишниот Коневски дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а како член на ВМРО-ДПМНЕ во 2005 година е избран за член на Советот на Град Скопје.

Коневски беше градоначалник на Општина Аеродром, во периодот од 2009 до 2017 година. Коневски ќе остане запаметен и како градоначалник кој општината ја претвори во црковна општина, во која на повеќе локации се изградени помали или поголеми световни објекти и огромен крст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени