ВИДЕО: По невремето во Тетово поплавени куќи и свлечиште на автопатот, хаос и во Скопје

Од:

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин. Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Нема информации за повредени лица.

Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.

Од ЦУК апелираат до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управвууват со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.

Има застој во сообраќајот и во Скопје.

Би можело да ве интересира

Паднати дрвја, искршени гранки и поплавени дел од улиците во Аеродром

Невремето во Скопје откорна и лајсна од покрив, што претставува опасност за минувачи

Поплавени подруми, улици и подвозници, паднати дрвја и скршени бандери по невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Во невремето во Скопје дрво падна врз автомобил во движење

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Невреме во Скопје

ВИДЕО: Силно невреме, ветер и град во Скопје

Катерина Ѓуровски