По котлините магла, попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Од:

По котлините денеска претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, времето претпладне со појава на магла и ниска облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од УХМР информираат дека од денеска попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд