По Гошинце, ДОМ бара одговорно однесување од сите во државата

Од:

По инцидентот во Гошинце, ДОМ повикува на одговорно однесување од сите во државата, особено, како што се потенцира во денешното соопштение, од носителите на највисоките функции во институциите и партиите.

– ДОМ го осудува настанот и го смета за опасен, независно кој стои зад него. Од институциите бараме брзо разјаснување на случајот, за да се тргнат маглите и шпекулациите околу извршителите, организаторите и мотивите на инцидентот, по што ќе се гарантира стабилноста на Република Македонија и безбедноста на граѓаните, се вели во соопштението од ДОМ.

Од партијата апелираат сите граѓани да се воздржат од учество во потпалување меѓуграѓански тензии и да избегнуваат говор на омраза.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог