Една година од скандалот за „Актор“ ЈО нема ништо ново да и соопшти на јавноста

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција рече дека предметот „Актор“ е само дел од криминалите на оваа злосторничка дружина.

„Се надевам дека обвинителството ќе превеземе мерки и ќе го обелоденат криминалот со Актор“, рече Заев.

По една година од скандалот за „Актор“ ЈО нема ништо ново да и соопшти на јавноста Со оглед на комплексноста на конкретниот кривично – правен настан и во интерес на истрагата, надлежното обвинителство не може да споделува детали со јавноста, изјавија од Јавното обвинителство денеска на прашањето до каде е истрагата за наводни коруптивни активности поврзани со изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Како што објавија медиумите, во Грција веќе се води истрага за овој случај под сомнение дека грчката фирма „Актор“ наводно поткупила високи функционери од Македонија за да го добие договорот за изградба на делницата, вреден 271 милиони евра. Овие податоци се наведени во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД. Освен тоа, во извештајот стои дека Атина веќе побарала помош од Скопје за покренатата истрага, но дека не добила одговор и затоа било побарало посредување од Еуроправда. Од Јавното обвинителство на Република Македонија, пак, велат дека е одговорено на барањето и дека за истрагата се соработува.

„До овој момент во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема пристигнато никаво барање од страна на Европравда за соработка и правна помош во овој предмет. Ова обвинителство досега има остварено контакти со надлежните органи на Република Грција по барање за меѓународна правна помош“, велат од таму.

Освен изјавите дека истрагата е во тек, македонското Јавно обвинителство, веќе една година нема никакви резултати за овој случај. Во март минатата година, јавниот обвинител, Марко Зврлевски, изјави дека е покрената преткривична пријава и дека се блокирани имотите и сметките на две фирми, но не ги откри нивните имиња затоа што, рече, истрагата е во тек.

Точно пред една година опозиционата СДСМ го обелодени случајот „Актор“ и приложи докази за сомнителни трансакции во кои грчки државјани подигале високи суми од сметката на грчката компанија.

Во април 2013 година, како што тврдеше опозицијата, биле подигнати вкупно 3,5 милиони евра од сметката на „Актор“. Дневно биле вршени по десет вакви трансакции во истата банка, така што од сметката на фирмата биле подигани по стотици илјади денари, а парите веднаш потоа биле менувани во евра.

Парите, како што рече СДСМ, не излегле од Македонија. Опозицијата тогаш изнесе сомневања дека фирмата незаконски се стекнала со договорт за изградба на автопатот, затоа што на распишаниот тендер била одбиена италијанска компанија која имала понуда пониска за 40 милиони евра. Сомневањата на Атина дека во случајот биле поткупени високи функционери од Македонија, се поклопуваат со изјавите на опозицијата дадени минатата година. Во март 2014 година, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, даде слична изјава за македонските медиуми.

„Според наши сознанија станува збор за определени центри на моќ во земјава, не знаеме дали станува збор за едно лице или за повеќе лица, кои според наши сознанија се инволвирани во оваа работа. Ние го саботираме проектот на определени политички структури на моќ кои го сакаат прокетот „извлекување на кеш пари“, рече тој.

11072338_10203820739063205_1481738398_n

Автопатот почна да се гради во септември 2012 година, а камен темелникот го удрија повеќе функционери од владиниот врв. Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 271 милион евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА грант на Европската унија, 107 милиони евра се од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од Буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата преку која биле испумпувани пари од „Актор“ бил на пат, порача да отвориме македонски медиум

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанева: Ахмети и Груевски ќе бидат повикани како осомничени во СЈО

Ана Ололовска

ВИДЕО: СЈО отвори истрага и за „Актор“, осомничени Груевски и Јанакиески

Ана Ололовска

Предметите „Скопје 2014“, „Актор“ и „Космос“ во рацете на СЈО

Ана Ололовска

Штрајк во Актор, нема пари за плати

Ана Ололовска

Приведен директорот на Актор, Леонидас Боболас

Ана Ололовска