По еден век прва реставрација на гевгелиската библиотечна зграда

Од:

Куќата на Мулалија ефенди од минатото столетие, каде што веќе 63 години е сместена градската библиотека во Гевгелија, по еден век ќе ја добие првата надворешна реставрација на старата амбиентална фасада, една од препознатливите архитектонски зданија во општината.

– Зградата на библиотеката е споменик на културата од прв ред, заштитена со закон и единствена институција што може да врши проектни интервенции е Министерството за култура на Република Македонија.

Бизнисменот Ралев сакаше да донира во санацијата, но немаше начин како да се вклопи во тој проект. Завод и музеј Струмица е, исто така, надлежен како републичка институција, но се работеше една и полгодина за да влеземе во нивната програма за работа во 2013, вели директорот на библиотеката во оставка, Драги Хаџи Николов.

Целиот проект чини 3.600.000 денари. Подготвителните работи ги започнаа градежните оперативци на скопската фирма „Макаус“, а изведбените работи треба да завршат до крајот на годината.

Последните интервенции на објектот на градската библиотека беа изведени во 2004/2005 година, кога беше обновен ентериерот на читалните, внатрешните скали, а беше обезбедена и нова опрема. Надворешноста не можеше да се санира без одобрување на Министерството за култура.

Ова е прва реставрација на двовековната амбиентална надворешна архитектура, со фасадна декорација од натпрозорнивенци и потпрозорни декорирани парапети, препознатлива и присутна на сите разгледници за Гевгелија.

– Сводовите, гипсените украси и ленти треба да бидат извадени и да се стават нови, бидејќи сегашните се оштетени, и можат кога-тогаш да паднат со текот на времето, изјави директорот Хаџи Николов.

Тој изрази задоволство што во текот на својот директорски мандат успеа да ја обезбеди оваа проектна активност за реставрација на зградата, дотолку повеќе што како дипломиран уметник, посебно внимание посветува и наликот на зградата, а не само на библиотечната дејност со што го оправдува и својот професионален ангажман како уметник на местото директор на градската библиотека во Гевгелија.

Ова, секако, е оправдување за едно и полгодишниот застој на основната дејност на библиотеката во Гевгелија со опслужување на само двајца вработени, од кои еден директор и еден чистач и курир.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он