По четврти пат годинава ограбена црквата Свети Димитриј на православните гробишта во Тетово

Од:

Вторпат овој месец, а четврти пат годинава непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Свети Димитриј“ што се наоѓа на улицата „Прохор Пчински“ внатре во православните гробишта во Тетово информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци последната кражба била извршена во неутврден периодот од недела до денеска.

– Засега непознати сторители најпрвин го скршиле катинарот од дрвената влезна врата по што влегле во црквата и по пребарување на масата за продажба на свеќи одзеле 200 до 300 денари, а потоа ја отвориле и касата поставена на престолот од иконата од која одзеле 700 до 800 денари во разни апоени. На овој начин тие противправно се стекнале со вкупна имотна корист од околу 1.000 денари. Причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува, изјави Јосифовски.

Претходно на почетокот од месецов, исто така, засега непознати сторители ги искршиле двата катинари од влезната врата по што од внатрешноста на црквата одзеле околу 1.400 денари.

Првата од серијата кражби во оваа црква се случи на почетокот од февруари кога сторителите со хебла ги искршиле двата катинари и цилинадар бравата од влезната врата а потоа ги отвориле кутиите за прилози од верниците при што одзеле помеѓу 2.500 и 3.000 денари. По неа во мај годинава исто така по насилно отворање на вратата стоирителите одзеле околу 2.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски