По 1 евро за метар квадратен за жителите на Љубаништа

Од:

Со новиот пакет закони со кои се овозможува нова национализација налик на онаа од 1946 година, најоштетени ќе бидат сопствениците на земјиштето, граѓаните и Македонската православна црква. Земјиштето ќе им биде одземено со обештетување од само по 1 евро за метар квадратен, а реалната цена на брегот на Охридското езеро е далеку поголема. Според новите измени на неколкуте закони обесправените граѓани правдата треба да ја бараат пред судовите, велат од општина Охрид.

Токму од ова стравуваа сопствениците на земјиштето во Љубаништа, кои за А1 потврдија дека никој досега со нив не се сретнал да разговара. Тие најавија дека таквиот потег ќе предизвика реакции и дека немаат намера за без пари да го дадат приватниот имот.

Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески се прашуваат како може да не се почитуваат законите за заштита на Охрид и Охридското Езеро, со кои се пропишува дека може да се гради на најмалку 50 метри од брегот на Охридското Езеро.

Веројатно, поради овие или други политички причини, јавно не зборуваат некои такавикани експерти, кои години наназад ја напаѓаат локалната самоуправа дека не се грижи за Охрид и Охридското Езеро кои се под заштита на УНЕСКО. Оправдано се сомневаме дека идејата за изградба на аеродром на вода е условена со изградбата на комплексот во Љубаништа. Не сме информирани на колкава површина на копно ќе бидат изградени хотели и апартмани за продавање, каде ќе бидат казината, баровите и дискотеките, во вода или на копно и колку сето тоа ќе ја наруши рамнотежата на растителниот и животинскиот свет во Охридското Езеро, старо 4 милиони години.

Од општина Охрид се сомневаат дека сето ова е предизборен трик на централната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, сличен на оние, кога предизборно се ветувале дека ќе изградат автопат до Свети Наум.

Градоначалникот Александар Петрески, како и претходно, не беше поканет на средбите со инвеститорот Субрата Рој и не е информиран за детаљите околу најавената изградба на модерен туристички комплекс во Љубаништа. Кабинетот на градоначалникот смета дека е непристојно да се преговара за инвестиции во Охрид, а во тој процес да не биде вклучен првиот човек на градот, велат од општина Охрид.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид