Плоштад Слобода го поздравува спасувањето на чаирските паркови

Од:

Градоначалникот Меџити и иницијативниот одбор успеаја на цивилизиран и општествено корисен начин да постигнат компромис за пример во демократска Македонија и овој преседан треба да биде следен и од останатите општини.

Компромисот што го постигнаа локалната власт и граѓаните во Чаир е за секаква пофалба. Откако граѓаните гласно повикаа општината да помогне во зачувувањето на зеленилото во општината, 10 од 12 паркови се спасени благодарение на цивилизираниот и демократски однос на општината кон своите граѓани.

Откажувањето од потенцијалниот приход од 500.000 евра од страна на општината е секако значаен фактор во постигнатиот договор, но уште повпечатливо е приоретизирањето на здравјето и животната средина на граѓаните пред бизнис интересите и општинскиот буџет.

Дополнително, подадената рака на Општина Чаир кон луѓето кои живеат кај двата останати паркови и нивното обештетување со нови фасади, лифтови и сл., е исто така за поздрав и покажува како една институција треба да се однесува во спорни ситуации кога неизбежните исходи можат да бидат ублажени со креативни возвратени услуги.

Плоштад Слобода ги повикува и останатите скопски градоначалници, а посебно Жерновски (Бристол) и Јакимовски (Мексичка), на сличен начин да обезбедат демократски и цивилизирани дијалози со граѓаните за спас на зеленилото и парковите во Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот