Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Од:

Државниот пазарен инспекторат ноќеска го пломбирал кафе барот „Интермецо“ каде за време на цела пандемија се организираа журки без почитување на протоколите. Анета Симеска – Димска, директорка на Државниот пазарен инспекторат за „А1он“ вели дека синоќа и последното затворање на локалот е поради непочитување на пропишаните мерки за заштита од Ковид-19.

„Нашите инспектори беа во локалот од 20 часот синоќа. Регистрирано е непочитување на мерките за заштита од Ковид–19 што ги пропиша Владата, имало метеж и не се одржувала пропишаната дистанца“, рече директорката Симоска – Димоска.

Таа рече дека се уште го чека записникот од синоќешното пломбирање на „Интермецо“ па не можеше да каже детали околу затврањето, но извесно е дека кафе- барот ќе остане затворен најмалку 10 дена.

„Инспекторот ќе одлучи колку време ќе биде затворен локалот, законот предвидува затворање од 10 – 30 дена. Секако ќе бидат земени предвид и претходните непочитувања на мерките за заштита од Коивд-19 во овој локал иако тие веќе се превенирани“, рече директорката Симеска – Димоска.

Кафе барот „Интермецо“, иако постојано добива казни и веќе неколку пати беше затворан, редовно по отворањето продолжува со организирање забави спротивни на протоколите. Последниве две недели, посебно на социјалните мрежи, се споделуваа видеа од кои се гледа дека не се почитува ниту дистанца ниту пак се внимава колку е исполнет објектот.

Би можело да ве интересира

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ќе има казни

Од денеска казни на маркетите кои нема да ги намалат цените

Катерина Ѓуровски

Пазарен инспектор од Струмица земал мито, во притвор е

Катерина Ѓуровски

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска