Плинска боца експлодирала додека неготинец печел ракија

Од:

На неготинец му експлодирала плинска боца додека печел ракија. За среќа, повредени нема.

Информацијата за МИА ја потврди командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев.

Тој посочи дека во тренд е да се употребуваат плински боци како извор на енергија при печење ракија и ги повика граѓаните да внимаваат при нивното користење.

– Бидејќи е период кога масовно се пече ракија, апелираме до тиквешани да внимаваат и да нема отпаден материјал крај огништето за да се спречат евентуални пожари, изјави Илиев.

За деветте месеци од годинава, пожарникарите од Неготино имале вкупно 65 интервенции. Од нив, 27 биле на отворено и 20 во затворен простор. Се интервенирало и на пожари на 11 возила, а се гаснеле и четири контејнери. Пожарникарите извлекле и давеник од реката Вардар и интервенирале во случај со починато лице во шума.

Би можело да ве интересира

Пожар во магацин за гуми во Загреб, неколкумина се тешко повредени

(ВИДЕО) Горат седум облакодери во Хонг Конг – најмалку 36 мртви и 279 исчезнати

А1он

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

(ВИДЕО) Горат неколку згради во Хонг Конг, се бројат загинатите и повредените

Горан Наумовски

Огромен пожар во Дака: Илјадници луѓе останаа без покрив над главата

Пожар избувна во полициската станица во Книн, делови од градот без струја