Пленарна и комисиска седница на Собранието на РМ

Од:

Собранието на Република Македонија   денеска треба да ја одржи четвртата пленарна седница, а ќе заседава и собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На  дневен ред на пленарната седница се  Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и  Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, по скратена постапка.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдува предлог-одлуки за избор на членови во делегациите на Собранието на Република Македонија во парламентарните собранија на Советот на Европа (ПС СЕ), Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), Интерпарламентарната унија (ИПУ), Централноевропската иницијатива (ПС ЦЕИ), Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот),  Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ) и во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on