Пленарна и две комисиски седници во Собранието

Од:

Собранието денеска на 61. пленарна седница на дневен ред има предлог закони за ратификување меѓудржавни договори и протокли во различни области, со Словенија, Саудиска Арабија и Швајцарија.

На дневен ред се и Предлог закон за ратификација на Дополнителен протокол кон Европската повелба за локална самоуправа за правото за учество во работите на локалната власт; Предлог на закон за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Спогодбата од Маракеш за основање на Светската трговска организација и Предлог на закон за ратификација на Дополнителниот протокол 4 на Договорот за измена и пристапување на Централниот европски договор за слободна трговија.

По завршувањето на оваа, Собранието ќе ја продолжи 59-тата седница, на која се предлог-закони по скратена постапка: за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход; за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка и ЈП за државни патишта; за дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица; за изменување на Законот за заштита и спасување.

На 59. седница пратениците треба да расправаат и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони; Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење; Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија – сите по скратена постапка.

Во Парламентот денеска ќе заседаваат и две собраниски комисии – за култура и Законодавно-правната комисија, кои имаат иста точка на дневен ред – Предлог – закон за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, во прво читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски