А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пленарана и две комисиски седници во Собранието

by А1он15/01/2015 - 08:32123
Share0

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја продолжи 31-вата седница, а ќе заседаваат и две собраниски комисии – за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Двете комисии имаат пет исти точки на дневниот ред: Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 1 – делница Куманово – Бељаковце“, по скратена постапка – второ читање, редлог-закон за дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце-Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка – второ читање.

На дневниот ред на комисиските седници се и: Предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Набавка на нови влечни и влечени средства во МЖ Транспорт АД-Скопје“ кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и МЖ Транспорт АД-Скопје, по скратена постапка – второ читање и Предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Програмата за национални патишта, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка – второчитање.

Петта точка во дневниот ред на двете комисии е Предлог-закон за дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој-Светската банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка – второ читање.

Следете a1on на Youtube YouTube
sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео