Планинска велосипедска трка „Трофеј Ѓорче Петров 2013“

Од:

Втората Планинска велосипедска трка Трофеј Ѓорче Петров 2013 ќе се одржи денеска на ридско-планинските предели на планината Жеден кои се наоѓаат на територијата на општина Ѓорче Петров и општина Сарај.

Должината на трасата е 23 км. Стартот и целта се наоѓаат на 687 метри надморска височина. Највисоката точка е 697, а најниската 340 метри надворска височина. Патеката е извонредно атрактивна и живописна.

Стартот на трката е од излетничкото место Крстот во 9 часот, над село Кучково, каде воедно ќе биде и целта и прогласувањето на победниците во 14 часот.

Трката е дел од календарот на Велосипедската федерација на Македонија и е од натпреварувачки карактер во елит машка и елит женска конкуренција, кои ќе се борат за освојување на Трофејот Ѓорче Петров како и за парична награда во износ од 6.000 ден за прво место, 4.500 ден за второ и 3.000 ден за трето место.

Организатор на трката е Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“, помогнати од Велосипедската федерација на Македонија, во соработка со Граничната полиција на Република Македонија и „Македонски шуми“.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска