Планинарите од Куманово организираа крводарителска акција

Од:

Трите планинарски друштва од Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинската организација на Црвениот крст денеска организираа крводарителска акција на која до пладневните часови беа дарувани над 30-тина крвни единици.

Ова е прва крводарителска акција која ја организираат кумановските планинари. Бобан Стефановски, еден од организаторите најави дека акцијата ќе стане традиционална и додаде оти се задоволни од одѕивот на планинарите, но и граѓаните кои даруваа крв.

– Акцијата ја планиравме подолго време и сметаме дека е успешна, изјави Стефановски.

Меѓу редовните крводарители, кои секогаш се одѕиваат на повиците за дарување крв е и Емил Донев кој денеска даруваше крв по 103-ти пат. Тој апелираше до граѓаните да даруваат крв секогаш кога се во можност. Оливер Трендевски денеска даруваше крв по 49 -ти пат.

Доктор Елена Ристовска од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја оцени акцијата како успешна. Таа објаснува дека Институтот има целосен увид во состојбата со крвни единици на територијата на целата држава.

– Секогаш обезбедуваме доволни количини крв од сите крвни групи на тој начин што организираме редовни крводарителски акции, особено во летниот период за да се обезбедат доволни количини крв, особено кога граѓаните се на одмор, изјави Ристовска.

Таа додаде дека редовните крводарители се јавуваат на акциите кои се организираат и апелираше до граѓаните да се вклучуваат во акциите кои се организираат низ градовите од државата. Двајца крводарители со крвна група АБ позитив денеска беа испратени во Скопје да даруваат крв поради потреба од таа крвна група.

Би можело да ве интересира

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски