Плакети за повеќекратните дарители на крв во општина Гази Баба

Од:

Општина Гази Баба и Општинската организација на Црвениот крст „Гази Баба“ денеска им доделија плакети и благодарници на повеќекратните дарители на крв. Со тоа се одбележаа 72 години од формирањето на Црвениот крст во Република Македонија и 40 години од формирањето на општинската организација на Црвениот крст „Гази Баба“.

Крводарители кои дарувале 25 и повеќе пати крв се Зоран Кушен – МЗТ, Ангелина Давитковска од АД „Алкалоид“, Игор Савевски –Колонија Идризово, Борче Ангелески, Ивица Јакимовски, Бранко Ѓорѓиевски, Јане Бошески, Зоран Цаневски, Горан Петровски и Зоран Спасовски, сите од ЈСП Скопје.

Крводарителите кои дарувале 75 и повеќе пати крв се Драган Стојановски, Миќо Стојановски и Ивица Глоговац од ЈСП Скопје, а крводарител кој дарувал 100 пати и повеќе крв е Марјан Јаневски од ЈСП Скопје.

Најдобра работна организација на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 година е МВР – Центар за обука, со дарувани 769 единици крв. Најдобро средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 е СЕТУГС „Михајло Пупин“, а најдобра високообразовна институција е Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје.

Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 година е Дејан Здравевски од ЈСП Скопје.

– Општинската организација на Црвениот крст „Гази Баба“ во 2016 година од вкупно планираните 2.835 единици крв има реализирано 52 акции и има собрано 4.775 единици крв. Планот за 2016 година е исполнет со 1.940 единици крв повеќе од планираното, соопшти општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”