Пивоваров од Куманово: Овде како да се води војна, но граѓаните сплотени

Од:

Тројца загинати полицајци, жена и дете се последните информации од денешната полициска акција во Куманово, соопштил на прес-конференција, кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, јави „24 Вести“.

Како што рече Дамјановски, овие информации се неофицијални и дека истите ги добил „од новинари и мештани“.

Состојбата во Куманово и натаму е драматична, а полициската акција е се уште во тек.

Универзитетоскиот професор, Владимир Пивоваров, кој живее во Куманово вели дека состојбата во Куманово е како да се води војна.

– Утрово околу 5 часот беше страшно. Се слушаа рафали и детонации, а потоа ситуацијата се смири. По извесно време престрелките се интензивираа. Целиот дел над пазарчето што води кон „Дива Населба“ е затворен од полицијата. Таму имаме стари лица, кои не можеме да ги извлечеме – вели Пивоваров.

Пукотниците, додава тој, повторно интензивирале околу пладне.

– Прво се слушаа истрели на муниција со калибар 7,62 и 7,65 милиметри, но почнаа престрелки со оружје и муниција со поголем калибар. Хеликоптери, од кои дел претпоставувам се и на армијата и беспилотни летала, постојано го надлетуваат градот – вели Пивоваров.

Престрелките почнале на една локација во населбата, но по некое време се прошириле и на други делови од населбата, и едно време пукотници имало и во близина пазарчето, но полицијата успеала да ги потисне.

Пивоваров вели дека дополнителна паника меѓу граѓаните во Куманово создало и тоа што „Тинекс“ ги затворил сите продавници во градот.

– Инаку граѓаните на Куманово, обичните граѓани од сите етнички заедници, се огорчени од денешните случувања. Се прашуваат едни со други, што се случува. Мислам дека сега се посплотени отколку било кога – вели за „Мета„ професорот Пивоваров.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

МВР: Телото на починатото лице пронајдено во близина на пожар во село Лозаново е предадено за обдукција

Горан Наумовски

Избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово, градот е обвиткан во чад

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски