Писонеро: Очекуваме преговарачката рамка за С. Македонија да ја презентираме во јуни

Од:

Портпаролката на Европската комисија задолжена за проширување, Ана Писонеро, за МИА вели дека очекувањата во Брисел се дека преговарачката рамка за Северна Македонија ќе може да биде презентирана во јуни.

Писонеро повтори дека Европската комисија работи на подготовката на оваа преговарачка рамка уште од зеленото светло на земјите членки на ЕУ за старт на преговорите за членство, дадено во март.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, преговарачката рамка ги содржи начелата врз кои треба да се одвиваат преговорите помеѓу двете страни и откако ќе биде готова, таа треба да добие зелено светло од сите земји членки на Унијата.

Оптимистичкото сценарио, доколку Европската комисија ја презентира оваа рамка во јуни, е некаде на есен таа да биде одобрена од страна на земјите членки, доколку тие ги усогласат своите позиции, по што би можело да се одржи првата Меѓувладина конференција, односно отворањето на првото поглавје за Северна Македонија до крајот на оваа година.

Од 1 јули годинава стартува германското претседателство со ЕУ, кое се очекува да го задржи фокусот врз Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ.

Останува да се види како ќе постапат земјите членки во однос на „одвојувањето“ од Албанија. Европската комисија се очекува да ги презентира преговарачките рамки за двете земји истовремено, но државите членки на ЕУ уште во март поставија серија дополнителни услови за Тирана.

Би можело да ве интересира

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел