Писмото на Агелер во фонот на тоа што таа го говори веќе неколку месеци, вели Пендаровски

Од:

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска изјави оти претпоставува дека писмото на американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер од 11 април до судските и извршните органи е во фонот на она што амбасадорката го говори веќе неколку месеци наназад. Тој лично, како што рече, такво писмо не добил и затоа не може да говори во детали.

-Во однос на писмото, кое се спомена во медиумите и кое Американската амбасада и амбасадорката го има пратено до нашите институции,  можам да коментирам само врз основа на медиските написи кои сум ги видел. Претпоставувам дека станува збор за опис на состојбите и критиките на состојбите во делот на правосудството, во фонот на она што американската амбасадорка го зборува неколку месеци назад. Меѓутоа не можам да зборувам во детали, затоа што такво писмо до мене не е доставено, рече Пендаровски денеска одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу.  

Американската амбасадорка Агелер на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое изразува загриженост поради одлуката на Апелациониот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.

Во писмото Агелер ги истакнуваат напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството. 

– Секој ден сѐ повеќе сум загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, наведува амбасадорката Агелер во писмото.

Од Министерството за правда за ДВ вчера потврдија дека на адреса на ресорниот министер Кренар Лога „стигнал допис во однос на работата на апелационите судови, кој што дополнително ќе се анализира“.

Покрај до министерот за правда Лога, писмото било испратено и до шефот на дипломатијата Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд – Скопје и до неколку основни судови.

Од Апелација – Скопје, пак вчера излегоа со соопштение во кое се пожалија на намалениот кадар, но ветија дека и со толкав број врабнотени работат ефикасно и професионално.

-По сите предмети, а посебно по предметите од висок јавен интерес да се постапува ефикасно и ажурно, во согласност со законите, како и Судскиот деловник, почитувајќи го редот на приемот на предметите со цел да се обезбеди ефективно остварување на правдата и примена на законите и воедно да се избегне опасноста од застарување на предметите од висок профил, беше заклучено на седницата на судии на Апелациониот суд Скопје, на која се разгледало и се дискутирало прашањето по сите видови предмети по кои судот постапува, вклучително и предметите од висок профил и од висок јавен интерес, со акцент на зголемување на ажурноста во постапувањето на истите, а притоа имајќи ја предвид моменталната состојба и намалениот број на носители на судиска функција во судот.

Во моментот Апелациониот суд Скопје постапува со намален број носители на судска функција и тоа 28 судии, од предвидените 52 судии.

– Ажурното постапување по сите видови предмети, вклучително и оние од висок јавен интерес, во голема мера зависи од пополнетоста на судиските места и само како напомена дека во апелациониот суд Скопје во Кривичниот оддел на судот се распоредени шест судии кои постапуваат по овој вид предмети, наведоа вчера од Апелација-Скопје.

Апелацискиот суд – Скопје изминатиов период одлучи да укине неколку првостепени пресуди и да ги врати на повторно судење. Дел од нив се однесуваа на пресуди за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случаите „Титаник 2“ и „Таргет-Тврдина“, како и за првостепените пресуди за „Трезор“ и за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април. 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Горан Наумовски

Агелер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски