По повод масакрот во Орландо, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски испрати писмо со сочувство до амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, што го објавуваме во продолжение:
„Ваша Екселенцијо,
Со жалење ги примивме вестите за ужасниот чин на терор во Орландо, кој одзеде педесет животи.
Длабоко сме засегнати со загубата, особено имајќи предвид дека животите се одземени во акт на радикализам и омраза.
Мислите и молитвите на Либералите, и на македонските граѓани се особено со семејствата што претрпеа ненадоместлива загуба, како и со сите Американци. Исто така, посакуваме брз закрепнување на сите повредени жртви.
Господине Амбасадор,
Заедно сме во овие тешки моменти во кои се нападнати вредностите што ги споделуваме.
Убедени сме дека нацијата ќе се опорави од оваа трагегија од ваков вид со досега најбројни жртви, а инспираторите на овој криминален чин ќе се соочат со правдата.
Искрено,
Ивон Величковски, претседател“