Писмо до Обама за прием на Македонија во НАТО

Од:

Да не се одложува поканата за прием на Македонија во НАТО, ова преку писмо до американскиот претседател Барак Обама го бараат поранешните секретари за одбрана на САД, Доналд Рамсфелд и Вилијам Коен и поранешниот секретар за одбрана и советникот на Бил Клинтон, Сенди Бергер испратија писмо до американскиот претседател Барак Обама.

Во писмото тие велат дека Македонија ги исполни сите услови за членство и е еден од најголемите поддржувачи на мисијата на НАТО во Авганистан според бројот на жители.

„Денес НАТО е на крстопат. Додека членките на НАТО го намалуваат трошењето за одбрана, новите земји аспирантки за членство од Југоисточна Европа можат да ги обезбедат потребните капацитети и човечки ресурси за Алијансата. Овој регион постојано напредува по конфликтите во 1990-те години, но стабилноста на Балканот не може да се смета за загарантирана. Оттаму, бидејќи оваа година не се очекува на агендата на самитот на НАТО да биде проширувањето, стравуваме дека вратата за проширување нема да биде отворена во Чикаго“, велат Рамсфелд, Коен и Бергер во писмото до Обама.

Покрај Македонија која ги исполни сите услови за членство во НАТО, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Грузија кои исто така се ангажираат за членство во Алијансата, ќе бидат обесхрабрени од продолжувањето со тешките реформски процеси.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени