Пијана велешанка го нападна сопругот, па направи сообраќајка

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се две лица, а поднесени биле вкупно четири пријави за семејно насилство.

Како што посочуваат од МВР, синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот.

Во вториот случај, како што наведуваат од Министерството, синоќа во 21:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69) од Велес. Од МВР соопштија дека во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Во ОВР Крива Паланка, 50-годишна жена од Крива Паланка вчера пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ј. кој употребил и тврд предмет.

Ноќеска, 10 минути по полноќ, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(34) од село Романовце, кумановско, затоа што подолг временски период ја следел и вознемирувал неговата 27-годишна поранешна партнерка.

Тој бил приведен во полициска станица.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат оти по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он