Пијан и без дозвола, велешанец направил три сообраќајки

Од:

50-годишен велешанец е приведен вчера откако возел пијан и удри две возила и рампа на автобуска станица.

– На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес. Тој, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки без возачка дозвола, на улица „Димитар Влахов“ во Велес удрил во патничко возило „опел“, управувано од Р.И.(44) од Велес, по што продолжил со движење и на улица „Петре Прличко“ удрил во рампа на автобуската станица, но повторно не застанал и на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ удрил во паркирано патничко возило „тико“ со велешки регистарски ознаки, информира МВР.

По преземени мерки, полициски службеници го запреле, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и поднесоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес