Петто прскање против комарци во Скопје

Од:

Град Скопје од денеска до 1 септември ќе го реализира петтото прскање против комарци ова лето.

Aвионската дезинсекција ќе се одвива денеска и утре од 5:30 до 10 часот, додека прскањето од земја против возрасни комарци ќе биде спроведено од утре до 1 септември, од 23 до 4 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат аеросолна дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања