Петрушевски: Ќе дојде време кога министерот Бочварски ќе одговара за договорот кој го потпишал за изградба на коридорите

Од:

Овој закон и другите 4 закони кои што се со европско знаменце, а се во врска со изградбата на автопатите е само доказ дека тие автопати не можат да се изградат согласност со важечките закони моментални во Република Македонија. И овие измени кои што се во собраниска процедура ќе бидат убав еклатантен, добар доказ во една судска постапка во која што министерот за транспорт и врски Бочварски ќе треба да одговара. Да одговара зошто го прекршил членот 353 од Кривичниот законик и зошто потпишал договор со кој што земал надлежност која што не му припаѓа, таа надлежност е законските измени кои што се на дневен ред, а со тоа дополнително согласно член став 3 од истиот член на кривичниот законик извршил значителна штета на буџетот на Република Македонија како што знаете сите без да се фрли една лопата исплатени се досега 117 милиони евра на фирмата изведувач, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Петрушевски во текот на своето обраќање укажа дека во наредниот период штетата од овој договор ќе достигне и до 300 милиони евра која Република Македонија ќе треба да ја исплати од буџетот кој го полнат сите граѓани.

– Согласно со нашите информациите во наредниот период исто така без фрлена лопата таа цифра ќе достигне до 300 милиони евра, фантастична цифра која ќе ја исплати Република Македонија не од задолжувања, не од кредит туку од буџет кој што го полнат сите граѓани на Република Македонија, кажа тој.

Петрушевски посочи дека со оваа голема сума на пари може да се направат многу други капитални инфраструктурни проекти.

– Со тие пари замислете колку други капитални инфраструктурни проекти можеа да се изградат и да ја видат светлината на денот, да се даваат како ставка за дополнителни работи на терен. Замислете некоја македонска фирма или во историјата добила 117 милиони евра без да фрли лопата за подготвителни работи. Тоа го направи министерот Бочварски и сега се крие од јавноста, но времињата се менуваат и ќе има време кога ќе треба да одговори зошто потпишал договор кој што е неспроведлив согласно и важечките закони во република Македонија, кажа тој.

На крај тој порача дека и со овие измени сега кои власта сака да ги помине нема да се заврши проектот поврзан со коридорите.

– Она што е пострашно е што и со овие измени кои што се на дневен ред исто така нема да се заврши овој проект односно изградбата на автопатските делници, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски